Прилепчанец починал вчера откако му се слошило додека управувал со автомобилот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Вчера во 18:30 часот во СВР Битола, е пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп кај место викано Џаферица, на И. С. (67) од Прилеп, додека управувал патничко моторно возило марка ‘сузуки’ со прилепски регистарски ознаки, му се слошило и возилото излетало од патот. И. С. починал на лице место, смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош“,
информира МВР.
Според МВР, во консултација со јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.