Според Управата за хидрометеоролошки работи, пообилни врнежи од дожд ќе има утре и во среда, кога наместа се очекува да наврнат и до 15 литри на квадратен метар воден талог. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме, проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град
Денеска претпладне времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека во попладневните часови, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер, а наместа ќе има услови и за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 11 до 18 Целзиусови степени, а во текот на денот, според синоптичарите, ќе биде топло, со температури кои ќе се движат од 24 до 38 степени.
Во Скопје се очекува слично време, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за развој на нестабилност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, пообилни врнежи од дожд ќе има утре и во среда, кога наместа се очекува да наврнат и до 15 литри на квадратен метар воден талог. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме, проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ветерот ќе биде умерен и претежно ќе дува од северен правец.
