Денеска времето во земјава во претпладневните часови ќе биде магливо и со ниска облачност по одделни котлини, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Мининалната температура се движи во интервал од нула до седум степени Целзиусови, а максималната дневна ќе достигне од 16 до 20 степени.
И во Скопје претпладне ќе има магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура во главниот град изнесува околу шест степени, а максималната дневна ќе достигне до 17 степени Целзиусови.
Според најавите од УХМР и утре ќе се задржи стабилно и претежно тивко време со магла по котлините. Во петок ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер, а попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. На повисоките планини ќе има услови за повремен снег.