Според УХМР, до петок се очекува претежно облачно време, со повремени врнежи со променлив интензите. Во четврток наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 литри на квадратен метар), а поради продор на постудена воздушна маса од север во четврток и петок на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег
Денеска времето во земјава ќе биде претежно облачно со услови за појава на магла по котлините, а претпладне во јужните делови се очекува да има и повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи во интервал од мунис еден до седум Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од пет до 10 степени.
Во Скопје се очекува слично време, претежно облачно и тивко со услови за појава на магла. Наутро температурата во главниот град ќе се спушти до два степени, а преку ден ќе достигне до 10 Целзиусови степени.
Според УХМР, до петок се очекува претежно облачно време, со повремени врнежи со променлив интензитет. Во четврток наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 литри на квадратен метар), а поради продор на постудена воздушна маса од север во четврток и петок на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено во петок.
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.