Инаку, според податоците што беа објавувани од Државната изборна комисија (ДИК), може да се забележи дека во изминатите две третини од изборниот ден, односно за осум од вкупно 12 часа колку што траат изборите, на секои четири часа гласале по околу 250 000 гласачи
Од обработени 95,75 отсто или 3 359 од вкупно 3 508 избирачки места излезеноста на гласачите во вториот круг од претседателските избори до 15 часот е 31,55 отсто, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК) објавени на нејзината веб-страница, а кои се ажурираат сукцесивно.
Во апсолутни бројки од вкупниот број избирачи запишани во единствениот Избирачки список – 1 814 317, вкупниот број избирачи што гласале до 15 часот е 554 862 од обработени 96,93 отсто.
Ова е важно затоа што за да биде успешен вториот круг од претседателските избори до крајот на гласањето до 19 часот за шеф на државата треба да гласаат уште 170 865 избирачи.
Имено, за изборен цензус на претседателските избори потребно е да гласаат повеќе од 40 отсто од вкупниот број запишани избирачи. Во апсолутни бројки, тоа значи дека од вкупните 1 814 317 избирачи на гласање треба да излезат најмалку 725 727 гласачи.
Инаку, во според податоците што беа објавувани од Државната изборна комисија (ДИК) може да се забележи дека во изминатите две третини од изборниот ден, односно за осум од вкупно 12 часа колку што траат изборите, на секои четири часа гласале по околу 250 000 гласачи.
Споредено со првиот круг од претседателските избори на 24 април, тогаш излезеноста до 15 часот од обработени 94 отсто била 35 отсто.
Што се однесува до излезеноста на парламентарните избори до 15 часот, од обработени 93,99 отсто или 3 268 избирачки места од вкупно 3 477, излезеноста е 36,75 отсто.
Во апсолутно бројки, од вкупниот број избирачи во единствениот Избирачки список, кој изнесува 1 815 350, вкупниот број гласачи кои гласале за идниот состава на Собранието е 631 875 или 94,71 отсто од обработените избирачи.
Инаку, во првиот круг од претседателските избори на 24 април излезеноста до 13 часот беше 24,71 отсто на обработени 97,01 процент од избирачките места.