Су Чи беше соборена на 1 февруари годинава кога војската изврши државен удар бидејќи не ги признаваше изборните резултати со кои таа освои 83 отсто од пратеничките места во парламентот. Соборената лидерка претходно беше 22 години во притвор, а дојде на власт 2015. Додека беше во притвор ја доби и Нобелова награда за мир во 1991
На соборената лидерка на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи и е намалена казната од четири на две години затвор по делумно помилување дадено од владата назначена од војската, јави државната телевизија.
Претходно, суд во Мјанмар ја прогласи Су Чи за виновна по обвиненијата за поттикнување јавни немири и кршење на ограничувањата наметнати поради коронавирусот.
Судската одлука предизвика осуда од меѓународната заедница.
Су Чи беше соборена на 1 февруари годинава кога војската изврши државен удар и ја уапси истиот ден кога пратениците во тогаш новиот парламентарен состав требаше да се вратат во парламентот првпат по изборите во ноември минатата година.
Пучот следуваше по низа несогласувања и тензии меѓу владата и војската која ги оспори изборните резултати со кои Национална лига за демократија на Анг Сан Су Чи освои 83 отсто од 476 места во парламентот.
Су Чи претходно беше 22 години во притвор, а дојде на власт 2015. Додека беше во притвор ја доби и Нобелова награда за мир во 1991.