Како што пишува МИА, на седницата закажана за денеска, се очекува со реферирањето да продолжи сега веќе поранешниот директор на АНБ, Виктор Димовски. Но, тоа е неизвесно, бидејќи од вчера со агенцијата раководи, Зарко Милошевски, кого Владата го именуваше за нов директор на АНБ
Пратеникот и претседателот на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), Љупчо Пренџов за денеска напладне го закажа продолжението на седницата на која единствена точка на дневен ред е улогата на АНБ во скандалот со давањето на македонско државјанство на контроверзниот Украиенц, Олександр Онишченко.

Агенцијата за национална безбедност е една од институциите, која дала позитивно мислење Онишченко, кој е на црната листа на САД, да добие македонско државјанство.
Како што пишува МИА, на седницата закажана за денеска, се очекува со реферирањето да продолжи сега веќе поранешниот директор на АНБ, Виктор Димовски. Но, тоа е неизвесно, бидејќи од вчера со агенцијата раководи, Зарко Милошевски, кого Владата го именуваше за нов директор на АНБ.
Седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ и на Агенцијата за разузнавање, која е затворена за јавноста поради класифицираните материјали, почна на 18 ноември, но остана незавршена и беше суспендирана од претседателот на Законодавниот дом, поради безбедносен пропуст, кога дел од отчетот на Димовски за случајот одеше тонски на јутјуб-каналот на Собранието.
Во врска со инцидентот, Министерството спроведе истрага и извештајот од наодите го достави до Собранието и Основното јавно обвинителство Скопје.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери на почетокот на оваа недела соопшти дека го добил извештајот на МВР и дека го известил претседателот на Комисијата задолжена за надзор над работата на АНБ и АР Љупчо Пренџов дека се создадени услови таа да продолжи.
Пренџов ја закажа седницата за денеска, и покрај тоа што Владата на вчерашната седница за нов директор на АНБ го именуваше, Зарко Милошевски. Досегашниот прв човек на Агенцијата, пак треба да замине на функцијата амбасадор во Франција.
Инаку, во врска со случајот „Онишченко“ Владата му го поништи државјанството Украинецот, а претходно како што известија дел од медиумите поведена е постапка за суспензија на двајца вработени во АНБ.
По првото продолжение на седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР, откако беше прекината, Димовски пред медиумите изјави дека интерната проверка во Агенцијата било утврдено дека не е испочитувано последното ниво од безбедносната проверка и не била направена консултација со НАТО-партнерите пред да се даде позитивно мислење за државјанството на Онишченко.