Косовскиот премиер Авдулах Хоти е заболен од коронавирусот, информираше самиот на својот профил на Фејсбук.
Хоти објави дека има слаби симптоми на вирусот и дека од вечерва оди во домашен карантин.
„Денеска направив тест за Ковид-19 и резултатот е позитивен. Немам симптоми, освен една мошне лесна кашлица. Од вечерва сум во изолација во наредните две недели. Обврските ќе ги извршувам од дома“,
напиша Хоти.