Левичарската влада на Шпанија претходно соопшти дека референдумот не може да се организира бидејќи е против шпанскиот устав
Претседателот на каталонската влада Пере Арагонес денеска, по повод националниот ден на Каталонија, изјави дека е неопходно да се организира референдум за независност на таа автономна покраина на североистокот на Шпанија.
„Амнестијата не е и нема да биде крај на ништо. Тоа е само неопходен чекор кон отворање на патот кон референдумот. Каталонија треба да одлучи за својата иднина и ќе одлучи на референдум. Ова го браниме на улица, во институциите и во преговорите“,
изјави Арагонес во Барселона, обраќајќи се до шпанската влада, кралската куќа и судовите.
Амнестијата за организаторите на забранетиот референдум во 2017 година е услов под кој двете сепаратистички партии му нудат поддршка на актуелниот шпански премиер Педро Санчез да формира влада и да остане на власт уште четири години.
Каталонската републиканска левица (ЕРЦ) на Арагонес и централно-десничарската партија Заедно за Каталонија, предводена од поранешниот каталонски премиер во егзил Карлес Пуџдемонт, може да добијат предност во парламентот.
На крајот на месецот ќе се гласа за новата влада, по нерешените избори одржани во јули во Шпанија, на кои ниту левиот ниту десниот блок не добија апсолутно мнозинство за формирање влада.
Левичарската влада на Шпанија претходно соопшти дека референдумот не може да се организира бидејќи е против шпанскиот устав.
Каталонските организации кои бараат формирање на Република Каталонија денеска ги повикаа Арагонес и Пуџдемон да не даваат никаква поддршка доколку истата не нуди понуди можност за независност. Организациите АНЦ и Омниум секоја година организираат маршеви на илјадници поддржувачи на независноста.