Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, по итната средба со премиерите на кантоните, оцени дека погрешиле кога по два и пол месеци од епидемијата на коронавирусот прогласиле победа.
Тој рече дека БиХ во првите два и пол месеци одлично се справувала со пандемијата, по што од еден од најдобрите станале еден од најзагрозените региони.
Во првите два и пол месеци во БиХ имало 1 082 заразени, 39 починати и 87 активни случаи.
„Тогаш констатиравме дека сме ја победиле короната, што се покажа како грешка“,
изјави Новалиќ.
Тој уште рече дека информациите од надвор на кои се потпирале укажувале дека вирусот ќе ослабне во текот на летото, но тоа не се случило.
„Два и пол месеци после суспензијата на состојбата на природна катастрофа, наместо 1 082 имаме 8 488 заразени или осум пати повеќе. Имаме и повеќе починати – 201 и повеќе активни случаи – 3 513. Тоа ни кажува дека имаме проблем“,
потенцира премиерот на БиХ.