Ако постои момент за надминување на јазот меѓу разни позиции, сега е тој момент, рече Ардерн
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, донесе одлука да ја намали за 20 проценти својата плата, како и платите на министрите во нејзиниот кабинет во текот на следните шест месеци, во услови на пандемија на коронавирус, јави германската агенција ДПА.
Таа најави намалување на платите и за шефовите на јавните служби.
„Станува збор за челници. Ако постои момент за надминување на јазот меѓу разни позиции, сега е тој момент“,
рече Ардерн на денешната прес-конференција.
Премиерката појасни дека нема намалување на платите за вработените во јавните служби кои се на првата линија во борбата против коронавирусот, како полицајците и здравствените работници.
Ардерн годишно заработува околу 247 илјади евра, а министрите околу 165 илјади евра.
На Нов Зеланд од новиот коронавирус се заразени 1.386 лица, а деветмина се починати.