На планинскиот превој Плетвар сообраќајот е во целосен прекин, откако се превртело товарно возило, информира АМСМ.
Сообраќајот, по 16 часот е прекинат за сите видови возила, лесни патнички и тешки моторни возила.
„Тешко товарно возило околу 16 часот се преврте на патниот правец Прилеп – Градско кај местото Топлица. Сообраќајот е прекинат за сите видови возила, лесни патнички и тешки моторни возила – камиони“,
велат од АМСМ.
Засега не е позната причината за несреќата, а полицијата прави увид на местото.