Според јавниот обвинител Љубомир Лапе, доказите неспорно покажуваат дека Станче Каревска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска биле убиени на ист начин, со давење и притисок врз градниот кош. Кај дел од нив, како што додаде тој, се констатирани и повреди во пределот на половите органи, а ДНК-траги од обвинетиот се пронајдени кај две од жртвите и кај една од преживеаните
Адвокатот на одбраната, Тони Цветковски, доделен на Бојковски по службена должност, побара Судот да донесе пресуда важна за општеството и изрази сочувство до семејствата на починатите. Тој кажа дека начинот на извршување и повредите се индиција, но не и доволен доказ за вина
Основното јавно обвинителство Куманово бара судот да му иозрече казна доживотен затвор на Трајче Бојковски, обвинет за четири сериски убиства на жени и два обиди за убиства. Ова го изнесе обвинителот на ОЈО Куманово, Љубомир Лапе, на денешното рочиште во Основниот суд во своите завршни зборови, со што привршува судскиот процес за случајот.

Во своите завршни зборови обвинителот наведе дека обвинетиот Бојковски наместо да ги штити немоќните, бил нивен предатор, а жртвите ги одбирал исклучиво меѓу постари и немоќни жени, ги напаѓал додека биле сами, а четири од нив ги лишил од живот.
Според Лапе, доказите неспорно покажуваат дека Станче Каревска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска биле убиени на ист начин, со давење и притисок врз градниот кош. Кај дел од нив, како што додаде тој, се констатирани и повреди во пределот на половите органи, а ДНК-траги од обвинетиот се пронајдени кај две од жртвите и кај една од преживеаните.
Обвинителот посочи и дека двете преживеани жени, Слоботка Арсовска и Росанка Трајковска, во своите искази опишале дека биле фатени за врат, соборени и давени.
Во однос на убиството на Станче Каревска, кое Бојковски не го признава, Лапе истакна дека обвинетиот при давањето исказ навел детали за начинот и времето на извршувањето кои, според Обвинителството, целосно се совпаѓаат со форензичките наоди.
„Таквите детали не можеле да му бидат познати на никого освен на сторителот“,
кажа обвинителот, пренесе МИА.
Обвинителството посочи дека според психијатриското вештачење, обвинетиот е пресметлив, покажува способност за прикривање, кај него отсуствуваат емпатија, каење, срам и нагласи дека има ризик од повторување на делата.
Судскопсихијатриското вештачење утврдило дека Бојковски покажува способност за прикривање, за што, како рече обвинителот, јавноста беше сведок на првото рочиште кога обвинетиот Трајче гледаше во плафонот, а на последното Судот беше цел на обид за манипулација кога обвинетиот Трајче се колнеше во Алах иако е православен, со цел да се додвори на претседателот на Советот, претпоставувајќи дека е муслиман со оглед на неговите име и презиме.

Тој кажа дека за убиството од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, покрај директната умисла, е потребен и посебен мотив, ниски побуди, кои во случајот се поврзани со некрофилија. Во дејствувањето на обвинетиот се препознаваат и други мотиви – подмолен начин на извршување, родово базирано насилство и, според неговото признание, мотив поврзан со пари.
„Сепак, согласно кривичноправната теорија и пракса, доминантната и најтешката околност е онаа за која сторителот одговара, додека останатите се ценат како отежнителни. Во конкретниот случај, тоа е некрофилијата“,
рече Лапе.
Обвинителот кажа дека Трајковски невешто се обидел да создаде забуна на околноста кои кривични дела ги признава, а кои не и во еден момент и за мотивот, укажувајќи дека било користољубие. Лапе кажа дека во тој случај меѓу жртвите ќе имало маж.
Адвокатите на оштетените се согласија со обвинителот и кажаа дека побаруваат и трошоци за постапката и оштетено-правно побарување на граѓанска парница.
„Во однос на првопочината Станче, од овие грозоморни настани, единствено се оспорува делот што самиот Трајче не го признава делото. Од сите докази на Обвинителството јасно се докажува дека и тоа убиство е сторено од негова страна. Не се сомневаме дека Судот правилно ќе ги цени доказите и ќе донесе одлука за добро на општеството“,
изјави адвокатката на дел од оштетените, Драгана Илиевска-Тодоровиќ.
Адвокатот на одбраната, Тони Цветковски, доделен на Бојковски по службена должност, побара Судот да донесе пресуда важна за општеството и изрази сочувство до семејствата на починатите. Тој кажа дека начинот на извршување и повредите се индиција, но не и доволен доказ за вина. Како несоборливи материјални докази ги наведе биолошките траги под ноктите, чиј ДНК-профил се совпаѓа со обвинетиот Трајче Бојковски и истакна дека Обвинителството извршило темелна истрага.
За двете оштетени – прежиевани, рече дека од нивните искази не може до крај да се утврди умислата на обвинетиот. Тој кажа дека Судот треба да има предвид дека обвинетиот признал вина, не бил осудуван и е млад.
На следното рочиште Основниот суд Куманово треба да ја изрече пресудата.
