Британско-француската компанија за клиничка дијагностика „Новацит“ (Novacyt) започна производство на тест што го разликува коронавирусот од обичниот грип.
Тестот наречен „винтерплекс“ (Winterplex) препознава два гена специфични за ковид-19, како и гени што детектираат грип од типот А и Б и респираторниот вирус ПЦБ.
Директорот на „Новацит“, Грејм Малис, изјави дека ова веројатно е првиот одобрен тест што го разликува ковид-19 од вообичаените респираторни заболувања.
Новиот тест е еден од многуте производи од ПЦР-тип што се веќе на пазарот. ПЦР е главниот метод на тестирање во многу земји. Тој ја открива болеста со множење на генетскиот материјал до точката кога научниците можат да го детектираат вирусот.