Последното испитување на јавното мислење на Ипсос покажува водство со 27 проценти на германските социјалдемократи, на десетина дена пред изборите на 26 септември
Германските социјалдемократи водат со шест процентни поени, според последните испитувања на јавното мислење, пред десно-центристичката ЦДУ, од чии редови е канцеларката Ангела Меркел, која, по избирите во Германија на 26 септември, заминува од функцијата.

Последното испитување на јавното мислење на Ипсос, спроведено онлајн и телефонски во изминатите два дена, покажува водство од 27 проценти на СДП, што значи зголемување на рејтингот за два процентни поени, наспроти ЦДУ, чиј рејтинг останал на исто ниво со 21 отсто. Трета политичка сила се Зелените чиј рејтинг сега е 18 проценти или за еден процентен поен помалку.

Ројтерс објави табела за поместувањата во рејтинзите на водечките партии во Германија,почнувајќи од април досега, а според резултатите на неколку агенции. Табелата укажува на континуиран пораст на ретингот на левичарско-центристичката СДП наспроти ЦДУ, чиј рејтинг е во стагнација во последниот период.
Германските социјалдемократи станаа најпопуларната партија во Германија, практично за првпат во ерата на демохристијанската канцеларка Ангела Меркел, не сметајќи ги кусите издигнувања во одредени анкдети во 2017 година, се посочува во анализата што пред две седмици ја објави Дојче веле. Според тоа, победата на социјалдемократите се чини се поизвесна, што до скоро беше незамисливо.
Оваа седмица, Меркел ја имаше последната посета на регионот, како покровителка на Берлинскиот процес.По посетата на Белград, Меркел замина за Тирана, каде што имаше среди со лидерите на земјите од Западен Балкан.
Меркел вчера беше во посета на францускиот претседател Емануел Макрон, за последен пат пред изборите во Германија на 26 септември. Како што беше посочено, на работна вечера во Елисејската палата тие зборувале за Авганистан по повлекувањето на Западот од земјата, ситуацијата во Сахел, каде што двете земји учествуваат во воени мисии, како и претседателските избори во Франција во мај следната година.
Во пресрет на овој состанок, беа објавени резултатите од анкетата на Истражувачкиот центар на Европскиот совет за надворешни односи во Брисел (ЕЦФР), според која 41 отсто од граѓаните на ЕУ би гласале за Ангела Меркел за претседател на Европската Унија, кога таквата функција би постоела.