Со кредитната линија за претпазливост и ликвидност од ММФ за поддршка на државниот буџет треба да се обезбедат 530 милиони евра. Целта на кредитната линија е да обезбеди ефективна заштита од криза за оние земји членки на ММФ кои имаат здрави економски основи, односно политики
Пратениците на денешната 92. седница треба да го разгледаат предлог-законот за задолжување на земјава кај Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со кредитна линија за претпазливост и ликвидност.
Со кредитната линија за претпазливост и ликвидност од ММФ за поддршка на државниот буџет треба да се обезбедат 530 милиони евра. Целта на кредитната линија е да обезбеди ефективна заштита од криза за оние земји членки на ММФ кои имаат здрави економски основи, односно политики.
На денешната собраниска седница, воедно пред пратениците ќе се најде и предлог-законот за задолжување на Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, двата по скратена постапка. За овој проект се планирани 24,9 милиони евра, од кои заем од Светска банка во износ од 20 милиони евра и 4,9 милиони евра грант од ЕУ кој ќе се администрира преку СБ.
Проектот ќе се имплементира преку Единица за управување со проектот, која ќе биде формирана во Министерството за финансии.