Рашири најверојатно ќе го напушти Собранието, а на негово место во пратеничката група на Алијанса ќе дојде пратеник од Кичево, Ремзи Мехмеди

Пратеникот Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а поранешната заменичка на скопската градоначалничка Данела Арсовска и советничка во Советот на Град Скопје, Бујаре Абази, ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“, потврдуваат за МИА од Алијанса за Албанците.
Рашиди за директор на МЕПСО ќе дојде на местото на Орхан Муртезани од редовите на Алтернатива откако таа партија излезе од Владата. Нов пратеник од Алијанса за Албанците на местото на Рашиди ќе биде Ремзи Мехмеди од Кичево.
Додека, пак, Абази на директорската позиција ќе го наследи Васко Стефанов.
Со реконструкцијата на Владата, Алијансата за Албанците ги доби и министерствата за правда, за здравство и за информатичко општество и администрација со кои раководат Кренар Лога, Фатмир Меџити и Азир Алиу. Кадри на Алијансата за Албанците се поставени и на заменичките места во Министерството за одбрана Тирон Јајага и заменик министер во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство – Вјолца Бериша.