Пратеничката Кети Смилеска од редовите на СДСМ е позитивна на коронавирусот.
Како што вели таа во изјава за „А1он“, не знае како се заразила бидејќи комуницирала само со потесното семејство во Прилеп, а тие немаат симптоми.
„Јас по 15 февруари допатував во Прилеп, а од 10 март не сум излезена од дома. Сопругот одеше на работа, но, како што кажав, нема никакви симптоми. Јас ги осетив сите симптоми кои ги посочуваат здравствените работници. Имав болки во мускули, грло, осип, а потоа, последната фаза беше тешкото дишење“,
вели Смилеска за „А1он“.
Таа е хоспитализирана во прилепската болница.