Бројот на новозаразени во Иран е во пад веќе десетти ден, изјави портпаролот на иранското Министерство за здравство, Кијанос Џаханпор.
Во последните 24 часа во Иран имало 1 634 нови случаи на заразени со коронавирусот, со што вкупниот број досега е 66 220 лица, рече Џаханпор. Тој додаде дека во истиот период 117 лица починале и оти вкупниот број на смртни случаи од оваа болест во Иран досега е 4 110 луѓе.
Бројот на излекувани пациенти изнесува 32 309.
Трендот на намалување на новозаразени во Иран почна пред десетина дена, откако достигна врв од 3 186 потврдени нови случаи на 30 март.