Тренот ќе се нагледува за евентуално да не дојде до повторно активирање на пожарот

Пожарот кој попладнево избувна на територијата на Општина Сопиште, кај селото Чифлик, е изгаснат – потврди за „360 Степени“ градоначалникот Јане Мицевски.
Тој вели дека екипи на противпожарната бригада ќе го надгледуваат теренот, за евентуално да не дојде до повторно активирање на пожарот.
Во гаснењето на огнот попладнево интервенираа и „ертракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување, оти активен остана мал дел од пожарот, на стрмен терен и во правец према Водно.
Претходно, градоначалникот Мицевски кажа дека е огнот е ставен под контрола, објектите во населено место Чифлик се вон опаност и направен е обрач за да се заштити шумата, но неопходна беше и интервенција од воздух за гаснење на пожарот.
Во акцијата учествуваа скопските пожарникари, заедно со ДЗС, доброволно друштво и месното население. Се интервенираше и со четири пинцгауери.
