Од Министерството велат дека пожарот го изгаснале вработените со ПП апарат, но повикани се и противпожарни екипи, полиција и јавен обвинител кои прават увид за да ги утврдат причините
Во просториите на Министерството за култура избувнал пожар, но за среќа вработените бргу во изгаснале.
„Во просториите на Министерството за култура изби мал пожар, кој веднаш беше изгаснат од вработените со ПП апарат. Според протоколите за работа сите вработени од Министерството беа евакуирани навремено“,
соопштија од Министерството.
Засега не се познати причините односно дали намерно бил предизвикан пожарот. Тоа дополнително ќе го утврдат надлежните органи.
„Беше повикана Противпожарната служба и екипа на Министерството за внатрешни работи, како и екипа од Јавното обвинителство кои вршат увид за утврдување на причините за пожарот и евентуално причинетата штета. Кога ќе имаме дополнителни информации ќе ја информираме јавноста“,
велат од Министерството.