Почината 51-годишна жена е најдена во куќа во Волково во која настанал пожар рано утрово. Како што информира полицијата, пожарот бил пријавен во 4:35 часот во СВР Скопје.
При гаснењето екипа на Противпожарна заштита ја пронашла починатата. Лекар констатирал смрт без траги на насилство. Екипа од СВР Скопје извршила увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.