Според гувернерот на провинцијата Болу, каде што се наоѓа ски-центарот, во хотелот во моментот на несреќата престојувале 234 гости

Најмалку 10 лица се загинати, а 32 се повредени во пожар што избувнал во хотел во ски-центар во Турција.
Според турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, пожарот избувнал во 3:30 часот наутро на четвртиот кат од 11-катен хотел во Карталкаја, во северозападна Турција.
Според гувернерот на провинцијата Болу, каде што се наоѓа ски-центарот, Абдулазиз Ајдин, во хотелот во моментот на несреќата престојувале 234 гости.
Тој во изјава за државната новинска агенција Анадолу вели дека две од жртвите починале откако во паника скокнале од зградата.
Приватната телевизија НТВ објави дека некои луѓе се обиделе да се спуштат од своите соби користејќи чаршафи.
Од видеата и фотографиите објавени на социјалните мрежи може да се види дека во хотелот гори покривот и горниот кат.
#BREAKING At least 234 guests at Grand Kartal Hotel in Kartalkaya in Bolu, Turkey where fire broke out, governor says. At least 10 dead, 32 injured. #Bolu #Kartalkaya #Turkiye #Fire pic.twitter.com/DIZWM1u8EB
— 𝐉𝐨𝐮𝐫𝐧𝐚𝐥𝐢𝐬𝐭 (@HamdiCelikbas) January 21, 2025
Причината за пожарот не е позната.
Од канцеларијата на Ајдин велат дека на местото се испратени 30 противпожарни возила и 28 амбулантни возила.
Другите хотели во одморалиштето беа евакуирани како мерка на претпазливост.
Карталкаја е популарен ски-центар во планините Короглу, на околу 300 километри источно од Истанбул.