На гасење на пожарот во моментов интервенираат две противпожарни возила со шест пожарникари од ТППЕ Велес, но поради опасноста од ширење на поражот, активирани се два „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување
Попладнево избувна пожар во месноста Дорутовец пред влезот на Велес, непосредно по бензинската станица на „Макпетрол“, инфомрираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Оттаму додаваат дека на гасење на пожарот во моментов интервенираат две противпожарни возила со шест пожарникари од Територијалната противпожарна единица Велес. Но, поради опасноста од ширење на поражот, раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, активира два „ертрактори“ на ДЗС.
