Гори депонијата Мелци во Кавадарци. Од Територијалната противпожарна единица потврдија за МИА дека пожарникари и комунални работници повеќе од четири часа интервенираат на непристапен терен опфатен со пожарот.
„Се интервенира со камиони со вода, а дел од пламените јазици се посипуваат со земја со градежни машини од локални фирми за да се локализира пожарот“,
вели командирот Александар Чадамов.
Екипите остануваат на терен со цел што е можно побрзо да стават крај на пожарот и да спречат поголеми последици од него.