Mакедонски граѓани кои се наоѓаат таму велат дека нема издадено предупредување од албанските власти за евентуална опасност од пожарот, јавува МИА
Пожар попладнето избувна во близина на албанското летувалиште Ксамил. Зафатени се трева и нискостеблеста шума на тешко пристапно подрачје.
На терен се пожарникари кои заедно со локалното население го локализираат пожарот. Засега нема опасност пожарот да ги зафати станбените објекти во крајбрежјето на Ксамил, каде што во моментов летуваат и голем број туристи од С Македонија.
Освен мирис на чад и забележлива раздвиженост на пожарникарски возила, како што велат за МИА македонски граѓани кои се наоѓаат таму, нема издадено предупредување од албанските власти за евентуална опасност од пожарот.