Забраната беше воведена на 21 декември откако во оваа земја беше откриена мутација на корнавирусот
Владата на вечерашната седница донесе одлука за укинување на забраната за авионските летови од Велика Британија и Северна Ирска во нашата земја, која беше воведена на 21 декември откако во оваа земја беше откриена мутација на корнавирусот.
Исто така укината е задолжителната мерка за самоизолација од 14 дена за патниците што доаѓаа од овие дестинации.
Според тогашната влдина одлука, забраната требаше да важи до 31 декември.
Компанијата „Визер“ има редовна авионска линија на релација Скопје-Лондон-Скопје.
