Oд МПЦ упатуваат апел годинава да не се палат огнови и особено да не се практикува пуштање гласна несоодветна музика и консумирање алкохол на собирите
Македонската православна црква, екоактивисти, но и дел од политичките партии повикуваат вечерва да не се палат коледарски огнови.
Во период на енормно високо аерозагадување, но пред сè поради тоа што палењето на бадникарските огнови не е во согласност со христијанството и традицијата, од МПЦ упатуваат апел годинава да не се палат огнови и особено да не се практикува пуштање гласна несоодветна музика и консумирање алкохол на собирите.
Екоактивистите, исто така, велат дека со палењето на коледарските огнови се зголемува загадувањето и повикуваат тоа да се избегнува додавајќи дека здравјето е поважно од традицијата.
ВМРО-Народна партија ги повикува граѓаните на Скопје да го бојкотираат палењето на т.н. бадникарски огнови низ градот за време на еден од најтешките православни празници – Бадник, бидејќи со тоа се помага да не се влошува и така тешката еколошка состојба со која се соочува нашиот град, а во исто време се зацврстува македонскиот православен идентитет.
„Граѓаните на Скопје треба да знаат дека палењето на огнови во Македонија е донесено и наметнато за време на српската окупација. Никогаш во македонската историска и христијанска традиција порано на ваков начин не се дочекувал Бадник, а и денеска најголем број од градовите низ Северна Македонија немаат таква традиција што значи се спротивставуваат на ваквите пагански елементи во рамките на нашето свето и православно христијанство“,
се наведува во соопштението од ВМРО-НП.