Филипче објави дека вечерва над осум илјади аплицирале да примат вакцина против ковид-19
За само неколку часа, има повеќе од 8000 регистрирани граѓани на веб-страницата www.vakcinacija.mk која денеска е пуштена во употреба, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук-профил.
Сајтот за пријавување за вакцинација против ковид-19, што Министерството за здравство го пушти денеска во употреба, профункционира вечерва, откако во текот на денот имаше повеќе технички проблеми.
Подготвен е и националниот оперативен план за вакцинација против ковид-19. Согласно со планот, први се вакцинираат сите лица од најризичната група. Таа е поделена на две групи, во првата група се здравствените работници кои работат со ковид-пацинети. Во втората фаза ќе се вакцинираат постари од 65 години, лица од 18 до 64 години со коморбидитети или здравствени состојби со висок ризик, здравствените работници од ИЈЗ и центрите за јавно здравје, фармацевтите, стоматолозите и другиот здравствен персонал, вработени во други витални институции, критична инфраструктура и новинарите, вработени во образовните институции и градинки.