Министерството за внатрешни работи соопшти дека околу 12:50 часот на Железничката станица во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле К.Р. (14), за која од страна на нејзината мајка И.Т. (33) од населба Илинден, Скопје, на 2.8.2024 во 23.45 часот, беше пријавено дека по претходна расправија се оддалечила од домот.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од СВР Скопје и девојчето е пронајдено и ќе биде предадено на родителот.
Од утрото на социјалните мрежи се споделуваше апел за пронаоѓање на младата девојка од Илинден по име Клара, на која не можеше да ѝ се влезе во трага од вчера попладне.
Од МВР претходно информираа дека 14-годишната девојка Клара излегла вчера во 18 часот по претходна расправија со мајка си и се оддалечила од домот.