На социјалните мрежи се споделува апел за пронаоѓање на млада девојка од Илинден по име Клара, на која не може да ѝ се влезе во трага од вчера попладне.
Како што се наведува во статусот објавен на Фејсбук кој масовно се шири на социјалните мрежи, 14 годишната девојка Клара излегла вчера во 18 часот во населбата Илинден (каде што и живее), а на себе носи црни кратки панталони, црна блуза со натписи и црно-сиви патики.
Ако некој ја забележи, да пријави во најблиската полициска станица, се наведува во апелот објавен на социјалните мрежи.