Министерството за надворешни работи соопшти дека според информациите на грчките надлежни служби, потрагата по Мартин кој во саботата исчезна во водите на Егејското море, ќе продолжи и утре – шести ден по ред.
„Како и досега во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и возило на копно и волонтери од локалното население. Нашите претставништва остануваат во интензивен контакт со надлежните институции на Грција и семејството на исчезнатиот, и секоја информација навремено ќе биде пренесена“,
соопшти МНР.
Мартин Јовановски е едно од трите момчиња кои биле на одмор на Халкидики, а во саботата влегле во морето на плажата Мити во Посиди, кога поради лошото време се нашле во беспомошна ситуација и се оддалечиле од брегот. Дел од присутните на плажата забележале дека капачите ги снемало и веднаш ја информирале крајбрежната служба, по што започна и акцијата.
Иван беше пронајден во неделата напладне, а првиот исчезнат, 25-годишниот Васил, веднаш го лоцирала крајбрежната стража.