Претходно денеска, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нема да преговара со Москва доколку Русија спроведе референдум за присоединување на украински територии
Шефот на воено – цивилната администрација на областа Запорожје, Евгениј Балицки денеска изјави дека потпишал указ за одржување референдум за присоединување на овој регион кон Русија.
„Потпишувам налог до Централната изборна комисија за почеток на подготовки за референдум за обединување на регионот Запорожје со Русија“,
информираше Балицки на форумот „Заедно со Русија“, јавија руски медиуми.
Резолуцијата за одржување референдум ја прочита членот на главниот совет на воено – цивилната администрација на регионот Запорожје, Владимир Рогов. Претходно, тој нагласи оти жителите на регионот Запорожје и Русија се еден народ.
Претходно денеска, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нема да преговара со Москва доколку Русија спроведе референдум за присоединување на украински територии.
Во своето видео обраќање кажа дека Украина нема да отстапи од своите ставови и позиции кога станува збор за сувернитетот на својата држава, велејќи дека Киев нема да и дозволи на Русија да ги присвои украинските области кој моментално се окупирани од страна на руската армија.