Зеленски во своето видео обраќање кажа дека Украина нема да отстапи од своите ставови и позиции кога станува збор за сувернитетот на својата држава, велејќи дека Киев нема да и дозволи на Русија да ги присвои украинските области кој моментално се окупирани од страна на руската армија.
Тој кажа дека доколку Москва одржи референдуми за приклучување кон Русија во окупираните области на неговата земја, нема да има разговори со Украина или нејзините меѓународни сојузници.
„Ако окупаторите продолжат по патот на псевдо-референдуми, тие ќе ја затворат за себе секоја шанса за разговори со Украина и слободниот свет, што очигледно ќе и треба на руската страна во одреден момент“,
рече Зеленски.
Инаку, руските војници и сепаратистите поддржани од Москва во моментот под контрола имаат голем дел од регионот на Донбас и Луганск како и територии во јужниот дел од Уркаина. Лидерите на самопрогласените републики деновиве ја покренаа можноста за одржување референдум за приклучување кон Русија, по примерот на Крим во 2014 година.
Украина и Русија одржаа неколку мировни разговори на почетокот на руската инвазија, но од тогаш до денес нова средба немало, а постигнат е само мал напредок во разговорите помеѓу двете страни.