Од полицијата апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници
Во Скопје денеска ќе има посебен режим на сообраќај поради одржување на меѓународниот квалификациски фудбалски натпревар меѓу Македонија и Велс на арената „Тодор Проески“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска со почеток од 20:45 часот поради одржување на меѓународен квалификациски фудбалски натпревар на арената ‘Тодор Проески’ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот“,
соопштија од МВР.
Од полицијата апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.