Информацијата на самиот почетокот на денешната прес-конференцијата ја соопшти премиерот Димитар Ковачевски, кој во негово лично и во името на Владата му се заблагодари на Арсовски за досегашниот ангажман. Како што рече премиерот, досегашниот портпарол заминува на сопствено барање и ќе ја продолжи својата професионална кариера со друг предизвик
Душко Арсовски заминува од функцијата портпарол на Владата и денешната прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши е последната во која тој се појавува во ова својство.
Информацијата на самиот почетокот на прес-конференцијата ја соопшти премиерот Димитар Ковачевски, кој во негово лично и во името на Владата му се заблагодари на Арсовски за досегашниот ангажман.
Како што рече Ковачевски, досегашниот портпарол заминува на сопствено барање и ќе ја продолжи својата професионална кариера со друг предизвик.
„Пред да започнам со прес-конференцијата сакам да му се заблагодарам од мое име и од името на Владата на досегашниот портпарол на Владата, Душко Арсовски, кој денеска го завршува својот ангажаман како портпарол на Владата на негово барање и ќе продолжи со друг предизвик во својата професионална кариера. Голема благодарност, верувам, ќе упатат и медиумите со кои во изминатите две и пол години комуницираше на врвно професионално ниво и практично тој беше дел од процесот во кој Владата како институиција беше оценета како најтранспаретна со 100 отсто транспаретност. Душко, ти благодарам и ти посакувам многу лични и професионални успеси во понатамошната кариер“,
рече Ковачевски.
Арсовски за својата одлука рече дека на крајот на прес-конференцијата ќе им се заблагодари на медиумите.
Тој за портпарол на Владата беше именуван на 13 октомври 2020 година на владина седница, откако претходно голем дел од својата дваесетгодишна кариера работеше како новинар и уредник во Македонската радио-телевизија (МРТ).