Македонската фудбалска репрезентација загуби со 3:1 од Австрија на својот дебитантски настап на Европското првенство.
Австријците поведоа со голот на Шетефан Лајнер во 18. минута, а десет минути подоцна капитенот Горан Пандев изедначи на 1:1.

На полувреме заминавме со израмнет резултат, а во второто полувреме Австрија ја затресе нашата мрежа уште два пати. Михаил Грегорич постигна гол во 78., а Марко Арнаутовиќ реализираше во 89. минута за конечните 3:1.
Историското прво учество на едно ЕП, македонските фудбалери ќе го продолжат в четврток, со натпревар против Украина.