Ова е историска одлука на судот, повеќе од девет години откако Жак Ширак беше осуден на две години затвор во случајот на измислените работни места во градот Париз за политички сојузници кога тој бил градоначалник на Париз
Никола Саркози се повлече од политиката од 2016 година, но сепак е многу популарен кај десницата, на една година пред следните претседателски избори
Поранешниот француски претседател Никола Саркози и двајца поранешни соработници се осудени на три години затвор за корупција – од кои две години условно.
66-годишниот Саркози е прогласен за виновен за обид за поткуп на судијата Жилбер Азиберт, кому му нудел престижна работа во Монако за возврат за информации за кривична истрага во неговата политичка партија.
Поранешниот адвокат на Саркози, Тиери Херцог и Азиберт се осудени на слични казни – четири години затвор, од кои две условно, со пет години професионална забрана за работа и четири години затвор, од кои две условно.
Во пресудата, судијата рече дека Саркози може да ја издржува казната дома со електронска алка, но се очекува дека поранешниот претседател ќе ја обжали пресудата.
Обвинителите бараа четиригодишна затворска казна за Саркози, од кои половината условна.
Случајот се базираше на следените разговори помеѓу Азиберт и Херцог, кои беа снимени од истражителите кои разгледуваа тврдења дека Саркози прифаќал недозволени плаќања од наследничката на „Лореал“, Лилијан Бетенкур, за неговата претседателска кампања во 2007 година.
Ова е историска одлука на судот, повеќе од девет години откако Жак Ширак беше осуден на две години затвор во случајот на измислените работни места во градот Париз за политички сојузници кога тој бил градоначалник на Париз. Ширак почина во 2019 година.
Саркози го чека уште еден случај, од 17 март до 15 април, што се однесува на таканаречената афера „Бигмалион“, каде што тој е обвинет за финансирање на неговата претседателска кампања во 2012 година.
Никола Саркози се повлече од политиката од 2016 година, но сепак е многу популарен кај десницата, на една година пред следните претседателски избори.