Граѓаните протестираат поради изведување градежни работи на патот со кои е предвидено уривање на мост поради што во овој период ќе им се отежни работата на земјоделците

Од 9:10 часот утринава сообраќајот на патот Прилеп-Крушево е блокиран во двата правци на движење, информираат од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат“.
Сообраќајот на регионалниот пат е блокиран поради одржување протест.
Протестот е почнат во 8:50 часот и се одржува кај селото Врбјани, Општина Кривогаштани.
Во соопштение од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), со кое информираат дека сообраќајот е во прекин, се вели дека граѓаните протестираат поради изведување градежни работи на патот со кои е предвидено уривање на мост поради што во овој период ќе им се отежни работата на земјоделците.