Русија почна да ја уништува енергетската инфраструктура на Украина во октомври, а рускиот претседател Владимир Путин во петокот изјави дека руските напади се „неизбежни“
Украинската енергетска компанија „Укренерго“ денеска предупреди дека ќе има прекини на струјата во целата земја поради новите руски напади врз електроенергетскиот систем.
Во соопштението што го објави „Укренерго“ на Телеграм, се наведува дека „поради последиците од ракетниот оган“ во сите делови на Украина, „се воведуваат итни прекини на струја за да се одржи рамнотежата меѓу производството и потрошувачката“.
„Електрична енергија ќе се обезбедува првенствено за важна инфраструктура“,
соопшти украинската енергетска компанија, истакнувајќи дека „ситуацијата е тешка, но под контрола“.
Русија почна да ја уништува енергетската инфраструктура на Украина во октомври, а рускиот претседател Владимир Путин во петокот изјави дека руските напади се „неизбежни“.