Eпидемиолошката состојба во Црна Гора е многу сериозна, при што голем е процентот на случаи што се со локално пренесување на коронавирусот, соопшти шефицата на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сања Меденица, во утринската програма на ТВЦГ.
Според Центарот за јавно здравје, од направени 779 теста вчера, регистрирани се 146 новозаразени. Причина за тоа, според Меденица, е непочитувањето на мерките.
„Зголемувањето на бројката не е неочекувано, оваа моментална состојба го покажува нашето однесување од пред 10 до 15 дена. Нашите колеги ни кажаа дека граѓаните слабо се придржуваат до мерките и тоа се покажува сега“,
рече таа.
Меденица со песимистичко предвидување дека последиците од сегашното однесување се очекуваат за две недели.
„Тоа е мало, но ефикасно оружје и дава големи резултати и кај нас и во светот. Сѐ уште нема вакцина и тоа е единствената мерка. Ако има преклопување на сезонски и коронавирус, сите треба да бидеме подготвени за тоа“, додаде таа.
Во Црна Гора, од почетокот на епидемијата досега има 5 165 заболени, од кои 104 починаа. Во моментов има 897 активни случаи, а 1 821 се под надзор.

Најголем број од заразените се на возраст од 20 до 39 години и повеќето се мажи.