Косовскиот државјанин кој беше во 48-часовен притвор е пуштен откако негова ДНК не е најдена во возилото од кое е пукано, а не бил препознаен ниту од повредениот
Косовскиот државјанин кој беше во 48-часовен притвор како осомничен за пукањето во Ѓорче Петров, попладнето на 1 март, е пуштен откако анализата на биолошкиот материјал пронајден во возилото од кое постои сомнение дека било пукано, при што е ранет полициски службеник, покажала дека не одговара на неговата ДНК.
Ова лице, исто така, не било препознаено од повредениот дека пукало во него.
За пукањето на 1 март во 16 часот на улицата „Борис Сарафов“, при што од „голф“ беше пукано кон автомобил „мерцедес“, беше приведено уште едно лице, кое исто така поради немање докази е пуштено.
За повредениот, кој е полициски службеник, неофицијално, беше објавено дека е син на експоглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.