ВМРО-ДПМНЕ наместо да протестира марширајќи од Министерството за правда до Секретаријатот за европски прашања (СЕП), одлучи утрешниот протест да го одржи со возила поради високиот број на новозаразени.
Како што вели новиот генерален секретар на партијата Ѓорѓија Сајковски, нема да дозволат да бидат изговор на власта за високите бројки на нови случаи.
„Сакам да се извинам на илјадници граѓани, членови и наши поддржувачи кои имаа намера да ни се приклучат, но нема да дозволиме да бидеме изговор за оние кои се причина за неуспехот во борбата против заразата, а тоа е власта. Затоа одлучивме да го заштитиме здравјето на граѓаните и наместо класичен протест да оствариме протест со автомобили против злоупотребата на европските пари. Утре во 18.30 часот пред платото на СЦ Борис Трајковски па се до СЕП во центарот на Скопје“,
вели Сајкоски апелирајќи да се носат заштитни маски, да се држи растојание и да се почитуваат протоколите.
Протестот, кој првично беше планиран како марш во центарот на Скопје, го најави и партискиот лидер Христијан Мицкоски.
Утрешниот протест е против злоупотребата на европски пари преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност