Обилните врнежи од дожд во битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот Суводол на РЕК Битола. Од Електрани на Северна Македонија информираат дека ископот и транспортот на јаглен во моментот се во прекин и се вложуваат напори за санирање на состојбите.
„И покрај елементарната непогода со која се соочува РЕК Битола, континуираното производство на електрична енергија од комбинатот засега не е е доведено во прашање и истото продолжува согласно планот и потребите на електроенергетскиот систем“,
велат од ЕСМ.
Според вработените, ваква непогода во рудникот не е забележана во последните 20 години.
За состојбите во рудникот известена е и Владата и Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, како и Армијата преку Министерството за одбрана. Сите тие, како што велат од ЕСМ, ги ставиле своите ресурси на располагање за интервенција, доколку има потреба.
Ова е трета поплава на рудникот Суводол во РЕК Битола во рок од два месеци.