Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека има многу докази дека пандемијата на ковид-19 потекнува од лабораторија во Вухан.
„Постојат огромни докази дека тоа е местото каде се започна. Кажевме уште на почетокот дека станува збор за вирус што потекнува од Вухан во Кина. Мислам дека целиот свет може да го види тоа сега. Запомнете, Кина има историја на заразување на светот и водење на супстандардни лаборатории“,
вели Помпео во интервју за Еј Би Си.
И покрај критиките за Кина, тој одби да каже дали смета дека вирусот е намерно ослободен од лабораторијата, но вели „ова не е прв пат светот да го изложуваме на вируси како резултат на неуспеси во кинеска лабораторија“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп исто така неодамна порача дека видел докази што му овозможиле да каже со големо убедување дека вирусот излегол од лабораторија во Вухан.
Тој најави дека неговата администрација спроведува „сериозна истрага“ за начинот на кој Кина се справила со ширењето на коронавирусот и најави дека САД ќе бараат отштета.
По неговите изјави, со коментар излезе Светската Здравствена организација која посочи дека доказите укажуваат дека коронавирусот има животинско потекло и не е манипулиран или направен во лабораторија.