На денешниот состанок Комисијата за заразни болести донесе предлог да продолжат веќе постојните рестриктивни мерки.
Тоа опфаќа и останување во сила на полицискиот час од полноќ до 4 часот наутро, а работа на угостителските објекти да биде до 23:30 часот.
Информацијата за МИА ја потврдуваат и од Министерството за здравство.
Предлогот за олабавување на мерките беше даден минатиот понеделник врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети.