Од МВР велат дека по целосно документирање на сите случаи, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци

Во текот на изминатата ноќ, во периодот од 23:30 до 2 часот, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа координирана акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Тетово. При рацијата се пронајдени ножеви и наркотични средства, а приведени се вкупно четири лица, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Како што информираат од полицијата, при преглед извршен во задниот дел на еден од контролираните угостителски објекти во Тетово, полициските службеници пронашле две кесиња со бела прашкаста материја.
Покрај ова, при контролите во другите објекти, евидентирани се повеќе прекршувања и кривични дела.
Дваесет и три годишниот А.А. од село Ново Село е приведен поради омаловажување на полициски службеници додека ги извршувале службените дејствија. Приведени биле и Е.Р. (29) од село Камењане, С.А. (24) од Гостивар и С.Ј. (59) од село Голема Речица откако при претресот кај нив биле пронајдени ножеви.
Од МВР велат дека по целосно документирање на сите случаи, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
