Во акциска контрола на полицијата, синоќа во Скопје, за откривање возачи на мотори кои организираат “диви трки“ санкционирани се седум моторџии кај кои се констатирани низа прекршоци.
Како што соопшти МВР, акцијата ја спровел Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност, во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР – Скопје, а во рамки на мерките против „диви тркачи“ на скопските улици.