Полицијата вчеравечер околу 21 часот уапсила сопственик на угостителски објект во гостиварското село Градец зашто работел по дозволеното време и имал 20 гости во објектот.
„Тој бил задржан во полициската станица во Гостивар и по целосното документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“,
соопшти МВР.
До 20 јануари работното време на угостителските објекти е ограничено до 18 часот за да се спречи ширењето на ковид-19.
