Скопската сообраќајна полиција синоќа повторно била во акција против „дивите тркачи“. Во периодот од 18 часот попладнево до 2 часот утрово на подрачјето на Скопје биле казнети 12 мотоциклисти.
Кај нив, велат од МВР, констатирани се низа прекршоци, а привремено се одземени три мотоцикли.
Ова е продолжение на полициските контроли против „дивите тркачи“. Претходната вечер, исто така, беше спроведена акција и беа казнети седум мотоциклисти.